Во пресрет на летната туристичка сезона, црногорската Влада објави листа со земји на чии граѓани ќе им биде дозволен слободен влез во државата.

Влез во Црна Гора без претходно направен ПЦР тест и без потврда за извршена имунизација ќе им биде дозволен на туристите од земјите на Западен Балкан – Македонија, Србија, БиХ, Хрватска, Косово и Албанија.

Меѓу оние од кои не се бара проверка се и држави од источниот блок – Русија, Белорусија и Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.