Грција ја отвори границата по една година, но на „Богородица“ е пусто.
Наташа Букусовска, Македонка која издава апартмани на првиот крак на Халкидики, за Женски магазин вели дека би сакала да ја заборави минатата година.
Ланската сезона?! Хм, искрено ниту сакам да зборувам, а најмалку да се потсетам како беше и колку жално, празно и пусто по плажите….Јас работам повеќе со туристи од Македонија и од Србија, и како што знаете Македонија беше затворена и искористивме сосема малку, колку-толку со српски и бугарски туристи, вели Букусовска.
Откако македонските граѓани можат да влегуваат во Грција, таа се надева дека оваа сезона за сите што издаваат апартмани ќе биде подобра од ланската,но смета дека за да има успешна сезона, прво треба да се намалат цените на ПЦР тестовите. Од друга страна, пак, вели цените на услугите во Грција се исти.
Кај мене цените веќе 5 години се исти, а сега правиме и попусти за да ја олесниме ситуацијата и да можат повеќе туристи да си овозможат барем еден мал одмор од таа тешка година за сите. Цените по локалите се исти, нема покачување, но ама има мало покачување на цените во супермаркетите (постепено преку текот на целата година), додава Наташа.
Повеќе на Женски магазин овде
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.