Една млада Американска видно се потресла кога келнер ја послужил со риба во хрватски ресторан во Сплит. Кога пристигнал келнерот со нарачката, Американската почнала да вреска на цел глас и избегала од ресторанот плачејќи.
Другите гости се збуниле и го прашале келнерот што се случило, а тој кратко одговорил: „Ѝ донесов риба“.
Да му е*ам, гужва е, не обрнав внимание, инаку секогаш кога ги служам нив, им ја сечам главата на рибите…, објаснил келнерот.
Да, младата Американска била згрозена од рибјата глава на чинија, а во еден момент почнала да вреска “It has eyes!” (има очи).
Келнерот рекол дека прекуокенските гости го молат да им ја исчисти рибата, а често и самиот го прави тоа за да си скрати работа. Но, овојпат гужвата му пресудила на апетитот на младата и осетлива Американка, која сакала риба како од продавница, пренесува Морски.хр.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.