Многу Македонци викендите ги користат за шопинг или прошетка во Грција, и особено во Солун. Но, во иднина ќе треба многу да внимаваат бидејќи во Грција се зголемени казните за одредени сообраќајни прекршоци.

Според новите донесени промени сообраќајната полиција во Грција ќе казнува со 200 евра доколку го сопрете автомобилот во лентата наменета за автобуси.

За таа цел, ќе бидат поставени камери по трасата на автобусите за јавен превоз. Властите во земјата инсталираа и соодветни патокази со кои се забранува сопирање, стопирање и паркирање на други возила.

Мерката се воведува поради постојаните доцнења на градските автобуси, како и на повредените патници при излегување од автобусите. Самите возачи на јавниот превоз побараа помош од сообраќајната полиција и го пријавуваат р*зикот од н*среќи поради паркирани автомобили на постојки.

Сообраќајната полиција кај нашиот јужен сосед исто така масовно ги санкционира прекршувањата во паркирањето и запирањето на местата за инвалидизирани лица, како и на пешачките патеки.

извор: 24ауто.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.