Агенцијата „Одмори се“, која пред неколку недели остави две македонски студентки на цедило во Истанбул, е регистрирана во стан во Кисела Вода, сопственост на судијка од Кратово, која пак станот не го пријавила во анкетниот лист, дознава „Независен“.

По објавувањето на сторијата за измамените девојки, во весникот пристигнале и други сведоштва за агенцијата, која е во сопственост на Ненад Марковски. Сестрата на Ненад, пак, исто така регистирала туристичка фирма, со име „Одмори“.

И двајцата основачи и сопственици на „Одмори се“ и „Одмори“, Ненад и Тања Марковски, според Централниот регистар, живеат на истата адреса во Кисела Вода. Дополнително, фирмата на Ненад, „Одмори се“, се води со седиште на истава адреса. Сопственик на станот во Кисела Вода е Надица Марковска, мајка на Тања и Ненад Марковски, но таа не го пријавила.

Прочитајте ја целата сторија на „Независен“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.