Индонезискиот остров Бали ќе нагажира 4.400 инфлуенсери за да го заживее туризмот погоден од пандемијата на коронавирусот.
Инфлуенсерите ќе уживаат во бесплатното патување по Бали од октомври до ноември и својте искуства ќе ги објавуваат на социјалните мрежи во рамките на кампањата „Го сакаме Бали“, според соопштението на островскиот оддел за туризам.
Ковид-19 нанел тежок удар на економијата на Бали, на општествениот и здравствениот сектор, вклучително и на туризмот, наведува управата и додава дека околу 75.000 туристички работници останале без работа.
Целта на компанијата е промоција на „Нова ера на туризмот“ во кои посетителите ќе мора да ги почитуваат здравствените препораки за носење маска, социјална дистанца и редовно миење на рацете, се наведува во соопштението.
Бали при крајот на јули се отвори за туристите од останатите делови на Индонезија, а планот за отворање за странци на 11 септември пропадна поради порастот на новозаразени со коронавирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.