Поранешната наставничка Дилис Прајс од Кардиф, град во Велс, се плашела од височина кога во педесетите години за прв пат скокнала од авион. Сепак, после тоа скокнала повеќе од илјада пати ширум светот рушејќи го Гинисовиот рекорд

Со авантурите во воздух започнала на 54 годишна возраст и забележала 1 139 скокови на различни места. Таа не била обична спортистка, туку специјалист во слободен стил и акробатика во воздух.

Говорела дека „живи сме, се додека не умреме.

На старите луѓе како мене им порачувам да ја сочуваат страста. Ако ја чувствувате страста вие уживате во животот и тоа треба да го чувате со смртта, изјавила Прајс пред неколку години.

На 80 години го сруши Гинисовиот рекорд, а шест години подоцна го продала нејзиниот падобран. Сепак, тогаш скокнала во тандем со некогашната ѕвезда на велшкото рагби Герет Томас. Добитник е на бројни награди и признанија за помош на луѓето со посебни потреби во Велика Британија.

Прајс е вклучена е во листата на 100 најуспешни жени во Велс во 2018 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.