Можеме да забележиме примери каде кратката коса перфектно се вклопува во имиџот кај познатите припаднички на понежниот пол. Тоа е само уште еден доказ дека и жените со кратка коса им се попривлечни на мажите, а еве и неколку причини зашто е тоа така:
Лесно привлекуваат внимание
Лесно можат да ни паднат во око поради реткиот број на жени со кратка коса кои ги среќаваме во секојдневието. Всушност и самите мажи ја неведуваат уникатноста како една една од карактеристиките кај жените со кратка коса.
Знак за самодоверба
Не е лесно да се експериметира, па и поради тоа голем број на жени не ја кратат својата коса на која посветиле толку време и внимание. Храброста и самодовербата да се превземе ваков чекор е она што ги привлекува мажите.
Откриено лице
Она што често им смета на мажите во интимни моменти е тоа кога косата паѓа преку лицето. Кратката коса има и практична страна – нема повеќе долги влакна низ домот.
Откриен гол врат и раменици
Овие делови од женското тело се едни од попривлечните и кај жените со кратка коса доаѓаат до израз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.