Со толку многу свадби одложени заради пандемијата, изложбата што ќе се отвори во Белград подоцна овој месец, добива дополнителен „стрес“ што ја следи секоја свадба.
Изложбата „Love Is Love: Wedding Bliss for All à la Jean Paul Gaultier“ става во фокусот 38 венчаници од висока мода создадени од дизајнерот помеѓу 1990 и 2020 година, вклучувајќи осум кои досега не беа дел од ретроспективната изложба која дебитираше во 2017 година во Монтреал и следната година патуваше во Буенос Аирес.
Изложбата во Музејот на современа уметност во Белград ја одбележува првата самостојна изложба на Готје во Србија и првото изложување на висока мода за институцијата, која првично беше основана во 1958 година, а сега се наоѓа во фуруристичка зграда од 1965 година, во форма на парчиња на кристал.
Изложбата става извичник на значајна година за признатиот француски дизајнер, кој ја организираше својата последна модна ревија минатиот јануари и ќе му ги предаде уздите на модата на ротирачката екипа на креативци, почнувајќи од Читосе Абе Сакаи следниот јануари.
Венчаницата традиционално затвора ревија на висока мода, а изложбата доаѓа на крајот од мојата кариера за висока мода. Српската јавност ќе може да ги види мојата работа, моите кодови и моите вредности преку овие венчаници. Станува збор за љубов, за радост и за фустан што треба да биде најубавиот во вашиот живот. Јас потекнувам од генерација која беше против бракот , па затоа, кога ги презентирав венчаниците, се обидов да ги претставам со хумор или театралност – изјави Готје за магазинот „WWD“.
Тој се сеќава како воодушевен ја гледал Мадона како „Like a Virgin“ на доделувањето на видео музичките награди на МТВ во 1984 година, облечена во невестинска наметка и превез.
Ми се допадна нејзината провокација и начинот на кој ја направи венчаницата секси – вели Готје.
На изложбата ќе биде претставен и фустан со шлеп долг 25 метри, кој беше претставен на една од ревиите на Готје.
Готје ја отвори својата куќа за мода во 1997 година и ја натера Летисја Каста да носи венчаница.
Оттогаш, секоја модна ревија имаше венчаница на крајот – освен во 2015 година кога започнав со венчаница и направив целосна ревија само со венчаници – вели креаторот.
Насловот на изложбата, позајмувајќи фраза од тогашниот говор на претседателот Обама, кој најавува легализација на истополовите бракови во 2015 година, подразбира концепција на свадби која не задира во сексуалните, етничките и верските конвенции.
Според Виктор Кич, вршител на должноста директор на белградскиот музеј, околностите создадени од пандемијата ја потенцираат потребата за уметност што ги предизвикува луѓето и ги тера да размислуваат и да се чувствуваат.
Готје не е бренд, туку идеја за еднаквост, поддршка, разновидност и толеранција, и ако некој треба да се бори за толеранција во едно општество, тоа треба да бидат уметниците. Уметноста е сеопфатна, бесплатна, овозможува емоции, личен израз, провокација и критичко размислување – вели Кич.
Изгледот за српската изложба е дизајниран од Музејот за ликовна уметност во Монтреал, или ФФМА. Изложбата во Белград ќе трае до март 2021 година, заедно со главната изложба посветена главно на уметноста од Србија и поранешна Југославија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.