На првиот интернационален онлајн избор за убавина „Мис карантин“ на светот 2020 победи нашата убавица Кристина Димитријевска (24) од Тетово.

(фото: Инстаграм)

Димитријевска овој огромен успех го направи во конкуренција на 210 пријавени девојки од околу 50 држави од светот. Речиси едногласно од целото жири таа беше прогласена за најубава. Кристина успеа да освои уште една титула, за најдобро претставување.

И втората наша претставничка, Бисера Цуцулова од Скопје успеа да освои титула, Мис Интелегенција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.