Оваа диета станува сè попопуларна периодов, а нејзините креатори тврдат дека возможно е да се симнат и до 20 килограми.

Со оглед на тоа што е многу рестриктивна, не се препорачува да се држи подолго од 20 дена во континуитет, како ни почесто од еднаш годишна. Спаѓа во нискокалоричните диети, јаглехидратите се потполно исфрлени од исхраната, а менито е исто секој ден.

Самото име на овој режим на исхрана нема никаква врска со менито што го практикуваат астронаутите, туку е аналогија на спартанскиот тренинг кој овие луѓе морале да го поминат пред да се вивнат во орбитата.

Напомена: Овој режим не е погоден за трудници, доилки, луѓе што страдаат од болести на бубрезите, срцето, гастроинтестиналниот тракт. Се советува пред да ја започнете диетата, да се консултирате со вашиот лекар.

Диетата на руските астронаути комбинира два принципа: нагло намалување на дневната количина на внесени калории (вкупно 700 калории дневно) и зголемена протеинска исхрана, со минимален внес на јаглехидрати. Со оглед на тоа што станува збор за минимално внесување калории, со овој режим не се препорачува физичка активност.

Во текот на целата диета забранети се шеќери, сол, зачини, леб и печива.

Вака изгледа менито:
Појадок: 1 чаша кефир или шолја кафе (без шеќер, млеко и други додатоци), варено јајце (може и пржено, но без масло)

Ручек: варено пилешко без кожа и маснотии (не повеќе од 1/2 пилешки гради со средна големина), 500 мл бистра пилешка чорба, 1 чаша кефир или црно кафе без шеќер

Ужина: 1 чаша кефир или шолја црно кафе без додатоци

Вечера: 1 чаша кефир или 200 г немасно свежо сирење, без додатоци



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.