Првите варијанти на оваа тридневна диета настанале кон крајот на 80-тите години и се викале војничка диета, морнарска диета и слично. Заедничко им е тридневното траење и губењето од 4 до 5 или повеќе килограми за три дена.

Повеќето варијанти вклучуваат консумација на голема количина туна и зеленчук и сладолед навечер со пиење барем четири чаши вода.

Самата диета е многу рестриктивна енергетски и ветува брзо губење килограми за краток период што со себе го носи ризикот од забавување на метаболизмот и последично враќање на килограмите откако ќе заврши диетата.

Единствената предност на ваквиот начин на исхрана е тоа што кратко трае, па нема да дојде до дефицит на витамини и минерали.

Повторете го следниов план за сите три дена:

Појадок: половина грејпфрут, парче потпечено лепче, две лажици путер од кикирики и кафе или чај (се мисли на чај со кофеин)

Ручек: половина шолја туна, парче потпечено лепче, кафе или чај

Вечера: 100 грама кое било месо, шолја зелен грашок, половина банана, помало јаболко и шолја сладолед од ванила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.