Манекенката, Каролина Битенкур која се водеше како исчезната откако скокнала во море за да ги спаси своите кучиња во близина на Сао Паоло, е пронајдена мртва.
Нејзиниот сопруг исто така скокнал во водата за да ја спаси, но обидот бил безуспешен. Во потрагата по триесет и седумгодишната убавица учествувал и нејзиниот татко, кој за локалните медиуми изјавил дека вчера попладне помогнал да биде извлечено телото на неговата ќерка.
Битенкур, која освен како манекенка се занимаваше и со тв водителство, завршила во морето откако се обидела да ги спаси нејзините кучиња, кои како што раскажале нејзините пријатели, паднале во вода поради ветрот.
На бродот беа само таа, нејзиниот сопруг и двете кучиња. Сопругот скокна во вода за да ја спаси, но имаше невреме и тие останаа одвоени. Тој пливаше три часа до брегот за да преживее, посочиле пријателите за локалните медиуми.
Од Агенцијата со која соработуваше манекенката, Oxygen Models испратија соопштение за јавноста во кое изразуваат сочувство и искажуваат почит за нејзиното партнерство.
Корисниците на Инстаграм кои ја следат оваа манекенка и кои се околу 760 илјади на број, веќе се збогуваат за неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.