Кејт Мидлтон реши да ја облече својата ќерка, принцезата Шарлот, во фустан од 23 фунти за семејната средба со Сер Дејвид Атенборо.
Откриено е дека симпатичната членка на кралското семејство носела улична облека, кога таа и нејзините браќа се сретнале со 94-годишниот радиодифузер.
Петггодишната принцеза Шарлот, изгледа супер слатко во цветниот фустан со јака Петар Пан од Зара – и тоа не и е прв пат да го носи. Принцезата Шарлот беше видена како го носи истиот фустан уште во мај, но овој пат таа не носеше сиви хулахопки бидејќи овојпат кралските краишта максимално беа зафатени од септемвриското сонце.
Војводата и војвотката од Кембриџ одлучија да се држат до сината боја, а 38-годишната Кејт се определи за фустан од тексас, „Габриела Херст“, кој чини 1.295 фунти.
Идната Кралица облеката ја искомбинира со пар чевли од, „Руперт Сандерсон“, од 475 фунти, а косата и беше пуштена надолу..
Кејт го облече своето најстаро дете, принцот Џорџ, во карирана кошула во вредност од 40 фунти „Тротерс“ – исто како и малиот брат Луис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.