Драматичен момент го одбележа финалето на натпреварот „Мис Африка“. Имено, во моментот кога мис Конго, Доркас Касинде, требаше да ја преземе круната, нејзината перика ја зафати пламен предизвикан од пиротехника.
Африканската убавица ѝ честиташе на победничката од минатогодишниот натпревар Гасеанг Балопи од Боцвана, кога искра влета во периката и ја запали. Следуваа ужасни крици бидејќи изгледаше дека девојката може да изгори.
За среќа, Доркас мина без повреди. Како победник на натпреварот таа освои 35.000 долари и спортски автомобил.
Јас сум во ред. И мојата коса… и таа е во ред. Сега се чувствувам добро. Ви благодарам!, порача таа преку Твитер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.