Актерката Сара Џесика Паркер ја краси насловната страница на „Вог“ за декември 2021 година и во разговорот се осврнала на негативните коментари кои се појавија на социјалните мрежи по најавата за продолжението на серијата „Сексот и градот“.

Најчесто овие коментари биле насочени на возраста и изгледот на главните актерки, Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SJP (@sarahjessicaparker)

Имаше толку многу мизогини коментари на сметка на нашиот изглед кои никогаш не би биле упатени до ниту еден маж. Воопшто не знам што да им кажам на овие луѓе. Седа коса, седа коса, седа коса. Дали таа има седа коса? Седам со Енди Коен, а тој има глава полна со седа коса и никој не се прашува зошто, рече актерката.

Таа додава дека е тешко да се справиш со коментари на социјалните мрежи бидејќи секој има што да каже. Посочува дека ги критикуваат или поради премногу брчки или затоа што другите колеги воопшто ги немаат.

Изгледа дека речиси и не сакаат да бидеме во ред, без разлика дали ќе избереме природно стареење или не. Знам како изгледам. Немам избор. Што да правам со тоа? Да престанам да стареам? Да исчезнам?, прашала таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.