Лепа Брена никогаш не изгледала подобро, велат сите што ги виделе нејзините најнови фотографии од одморот. Популарната пејачка крстосува со својата јахта по јадранското крајбрежје уживајќи во убавините на морскиот живот. Слободните моменти Брена, покрај за пливање и сончање, ги користи и за лесни вежби. Сепак, тајната на нејзината беспрекорна фигура на 62-годишна возраст лежи, пред сѐ, во здравата исхрана. Вода со лимон, овошје, смути, риба, ова се ѕвездите на нејзиното мени.

Мојот прв дневен ритуал е чаша млака вода со неколку капки лимон, по што следи оброк, кој најчесто се состои од лесно смути. Во текот на денот, јадам многу освежително овошје и секогаш имам при рака вода со лимон. Избегнувам млеко и млечни производи, сѐ освен кефир, леб речиси и не јадам. Најмногу сакам салати со сардини и зеленчук, со додавање на брусница, мелени ореви, морска сол, квалитетно маслиново масло и многу сок од лимон. Сакам риба на сите начини – откри фолк-пејачката.

Љубителите на кулинарството ја препорачуваат сардината како додаток на јадењата, не само поради нејзиниот специфичен вкус, туку и поради тоа што овој вид ситна риба е полна со протеини и омега-3 масни киселини, кои благотворно дејствуваат на здравјето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.