Македонската дизјанерка Росица Мршиќ има нова колекција за пролет-лето 2019 „HIYOKU“, Новата колекција се карактеризира со деликатна сензуалност и со нагласен интелектуален моден израз.
Инспирацијата извлечена од јапонската орнаментална уметност и традиционалната облека е ре-моделирана за да креира нов современ јазик на форма. Како резултат е понудена модерна, космополитска колекција проникната со комплесност и нијансираност од мека кон скулптурална силуета, што може да се носи во различни пригоди.
Основниот концепт на минимализам е дополнет со интригантнo вметнување на асиметрични делови, користење на текстурни и плисирани материјали, и принтови за конструирање волуменозна форма. Користени се природни материјали од памук, свила и светликав лен во бела, црна, мека розова и летнa беж боја.
Росица Мршиќ е современ, софистициран, меѓународен бренд основан во 2009. Нејзниот јасен и архитектонски, во исто време женствен, потпис ја одразува нејзината визија за самосвесна, сензитивна жена која претпочита безвременска естетика.
Колекцијата беше промовирана на showroom-ot ‘United fashion’ кој се одржа во рамки на Модниот викенд Скопје и е во продажба во студиото и на он-лајн продавницата на Росица Мршиќ, во бутикот Виа во Скопје, и на интернационални онлајн продавници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.