Првата дама на Америка, Меланија Трамп, му се придружила на сопругот Доналд Трамп за Бадник за да ги направат традиционалните божиќни разговори со децата. Меланија ни овој пат не погрешила со модниот избор.

Доналд и Меланија Трамп прво ја посетиле божиќната миса, а потоа отишле во Белата куќа за да разговараат со болни деца по телефон. Меланија во црквата носела долг црн капут и вртоглаво високи темноцрвено потпетици. Под капутот со должина под колената се криело главното парче од нејзината модна комбинација: прекрасно мало црно фустанче.

Ова елегантно издание, Меланија Трамп не го надополнила со никаков накит, а косата ѝ била стилизирана во препознатливите бранови. Краткото фустанче со три-четврт ракави и висока јака ги воодушевило сите, но во прв план, сепак, биле голите нозе на поранешниот модел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.