Дуки Тот денеска е заштитно лице на многу брендови, а благодарение на специфичниот изглед, темната кожа и лицето кое наликува на кукла, го добила прекарот „Црна Барбика“. Иако е меѓу најбараните лица на денешницата во модната индустрија и светот на убавина, тоа не било секогаш така, пишува Brightside.

Родена е во Јужен Судан, а манекенката својата слава ја осигурала со победата во австралискиот „Топ модел“ кога имала само 17. години. Во помладите денови, поради својот изглед преживувала разни маки, а слично доживеала и за време на натпреварувањето за време на самата емисија.

Имено, таму ја критикувале стилистите и тимот за разубавување бидејќи не знаеле како да се грижат за нејзината коса. Исто така, публиката на почетокот сметала дека Дуки не е природна, дека имала естетски операции и дека ги ретушира фотографиите.

Освен тоа, неретко ја критикувале и колегите во модната индустрија и кон неа се однесувале многу грдо. Поради тоа одлучила да се повлече од модната сцена, а за „Teen Vogue“ своевремено рекла дека и биле потребни две години за да се здобие со доволно самодоверба и да се врати на работата која ја сака.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.