Почина Карл Лагерфелд, објави францускиот магазин „Клосер“.

Модниот дизајнер беше креативен директор на „Шанел“. Почина во 86 година од животот.

86-годишниот дизајнер починал во Париз после неколкунеделна болест. Во дел од медиумите се вели дека тој во понеделникот итно бил пренесен во болница во Париз, каде и ги поминал последните часови.

Тој е еден од најголемите имиња на светската модна сцена. Препознатлив по белата коса, црните очила и ракавици, Лагерфелд ги создаде дел од најубавите креации за модната куќа „Шанел“, која ја водеше долги години. Под негова креативна палка беше и модната куќа „Фенди“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.