Откако излезе пролетниот број оваа недела, раководството на „Плејбој магазин“ објави дека го прекинува печатењето на легендарното месечно списание. Одлуката, за која долго време се размислувало, била финализирана со појавата на коронавирусот, по што дополнително се намалила продажбата.

Во соопштението за медиумите, извршниот директор Бен Кон изјави дека прекинувањето со производство на содржина и снабдување поради пандемијата на коронавирусот, станувало сѐ појасно и дека ги принудило да ја забрзаат одлука за која размислувале веќе подолго време.
Оттаму беше поставено и прашањето за тоа како би можеле да го трансформираат производот за подобро да одговара на она што денес го сакаат потрошувачите.

Ќе започнеме да ги објавуваме сите наши содржини на интернет, вклучувајќи го интервјуто „Плејбој“ и, секако, нашите дупликати – рече Кон.

Тој наведе дека од 2021 година, во печатено издание ќе се појавуваат само нови периодични формати, како специјални изданија, пренесе британски „Мирор“.

Списанието за возрасни е основано од Хју Хефнер во 1953 година, а на неговите страници досега се нашле Мерилин Монро, Наоми Кембел, Ким Кардашијан, Синди Крафорд и многу други.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.