Отдов кај О.М. за корекција на носот, но наместо радост и задоволство, јас буквално поминав низ пекол, уште живеам во него. Вака 31-годишната белграѓанка М.Ф. ја започнува својата исповед за „Жена“ за нејзиното иксуство со ласерското смалување на носот во естетски салон во главниот српски град.
За салонот добила препорака од нејзината другарка, а потоа ги разгледувала сите коментари на „Инстаграм“ и воопшто не се посомневала дека станува збор за измама. Вели и самата клиника изгледала многу подобро од останатите. По првиот преглед закажала третман со ласер, кој „докторката“ О.М. го промовирала како најреволуционерната машина во Србија.
Но, веќе на првиот третман почна пеколот. Сопственичката беше невоспитана и груба, а третманот кој го рекламира како безболен толку болеше што морав да вриштам. Потоа ми инјектираше нешто во носот, ми рече дека е анестезија, но ни денес не знам што беше, зошто толку ме печеше што мислев дека ќе умрам. Кога пробав да ѝ обкаснам дека сум во големи болки, ми рече не мрдај и не кукај, раскажува таа.
Додава дека после „докторката“ ѝ рекла дека нормално е да има болки. Платила 950 евра за третманот и заминала дома. По неколку дена ѝ се појавила краста, за која О.М. ѝ рекла дека ќе ѝ помине сама од себе.
Кога крастата падна, сфатив дека на левата страна имам дупка, а на десната нерамнини. Уплашена повторно се чув со неа, а таа пак ми рече дека „тоа е нормално“. Отидов повторно за да ми направи третман, за да сфатам дека наместо со ласер овојпат ме намачка со плазма пена, која може да се нарача и од „Али експрес“. После тоа следеше нов пеко – нова краста која кога конечно по две недели падна, на местото ми остана лузна која ќе остане на моето лице заскогаш, раскажува таа.
Кога повторно се чуле, „докторката“ ѝ препорачала крема.
Шест месеци подоцна пронашла други четири девојки жртви на естетскиот салон и газдарицата. Дознале дека таа воопшто не е лекар, туку дека завршила само курс и дека не смее да прави такви зафати. Иако поднеле кривична пријава против неа, засега немаат новости.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.