Магазинот „Пипл“ ја прогласи американската актерка 47-годишната Џенифер Гарнер за најубава жена во 2019. Оскаровка ја краси и најновата насловна страаница без шминка, а во разговорот ги открила и тајните на својата безвременска убавина. А се чини дека за нејзиниот младешки изглед и на прагот на петтата деценија најмногу се заслкужни нејзините деца -13. годишната Виолет, 10. годишната Серафина и 7. годишниот Самуел кои ги добила во бракот со бившиот сопруг Бен Афлек.
Штом се вратам од некој настан или снимање ми велат да ја извадам шминката од лицето, косата да ја соберам и да ставам очила. Тоа им е моето омилено издание и за мене тоа е комплимент“, раскажала глумицата која неодамна и во интервју за „Харперс магазин“ открила дека приватно воопшто не става шминка.
Во разговорот за „Пипл“ открила дека титулата за најубава жена за 2019. година ја изненадила бидејќи, како што вели, никогаш не се чувствувала како убавица ниту за себе така размислува, но секогаш била задоволна со себе и смета дека поради тоа и другите ја доживуваат многу поубава.
Џенифер пред шест месеци конечно го официјализирала разводот од Бен Афлек кого го напуштила уште во 2015. година поради неговите проблеми со алкохолот, а во брак биле од 2005. година. Парот останал во добри односи поради своите деца и често заедно го минуваат времето, како вистинско семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.