Како и секогаш, Пако Рабан (Paco Rabanne) и овој пат предизвикa неверојатно изненадување со новиот машки парфем PHANTOM .

Оваа година, брендот продолжува со пробивање на границите, рефлектирајќи гиаспирациите на помладата генерација: свет каде што секој може да биде сигурен во себе.

Храбра покана да се излезе од рамките на секојдневието и да се слави животот вопоинаква смисла.

Зачекорете во Пако галаксијата и придружете се на интергалактичката забава, каде што секој е поканет и каде што можете да бидете тоа што сакате и како сечувствувате, без разлика кој сте и во каков свет живеете.

Футуристички ароматичен парфем, произлезен од луксузното мајсторство и новата технологија која ја нуди Пако. Креативниот процес на бирањето на аромите и мирисите еза чувството на енергија и моќна самодоверба. Она кое му треба на секој маж.

Храбар мирис со ноти на кремава лаванда, енергичен лимон и дрвенеста ванила. Радикално различен и тотално изненадувачки, PHANTOM е првото шише што остварува комуникација со вас преку вашиот телефон.

Едноставно, вклучете ја NFC – опцијата навашиот смартфон, доближете го телефонот до шишето и влезете во универзумот на PHANTOM. Шишето е во облик на сребрен робот, а со поврзувањето влегувате во димензија на интерактивни филтри, персонализирани плеј-листи, игри, поинаква реалност…

Пако – галаксијата позајмува моменти и од поп-културата и од научно-фантастичните класици. Сетот е инспириран од куќа со модернистичка архитектура во Палм Спрингс, каде што се одвива гламурозна, шик забава со флертување и сензуален танц.

PHANTOM – мирис на новиот свет што прави да се чувствувате секси, моќно, енергично и храбро. Затоа што, за Paco Rabanne, иднината не е фантазија, туку е сегашност.

Иновативната модна куќа на Paco Rabanne, која e основана во 1966 година, се истакнува по авангардната визија уште од најраните колекции што зрачат со неговите идеи за предизвикување на класичните кодови, преку уметничкиот радикализам од шеесеттите и употребата на неконвенционални материјали, како метални жици и решетки.

Со доаѓањето на Џулиен Досена како уметнички директор во 2013 година, модната куќа доби обновена младешка енергија. Досена го искористи исконскиот ДНК на Paco Rabanne, со тоа што го пренамени за новата генерација.

„КРЕАТИВНОСТА НЕ ЗНАЧИ ПРИВЛЕКУВАЊЕ, ТУКУ ИЗНЕНАДУВАЊЕ“ПАКО РАБАН (1995)

Комерцијален текст



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.