Бразилскиот топ модел Адријана Лима ги открива своите омилени ритуали во негувањето на лицето, телото, како и необичните потези на шминка, и зборува за навиките на јадење и вежбање кои сè уште ја прават да изгледа како бомба и е една од најбараните модели во светот.

Секако, во нејзината богата кариера, работејќи со најпознатите експерти од областа на „шминката“, козметолозите и фитнес гуруа, Лима научи многу трикови. Затоа таа ги сподели со јавноста своите 10 омилени тајни за убавина, пренесува Глорија.

Мојата тајна можеби звучи чудно за некои, но никогаш не ја симнувам маскарата од трепките, особено во текот на летото, само ја додавам. Ми се допаѓа, мислам дека со маскара одлично правило е „повеќе е повеќе“

Инстант сјај на лицето

Доколку сакате вашата кожа да изгледа ненашминкана , и со здрав, привлечен сјај, што е особено важно во лето, измешајте илуминатор или хајлајтер, со вашиот дневен крем. Ќе  ви даде прекрасен, дискретен и природен сјај.

Двојна намена

Кога сакам свеж и одморен, но и младешки изглед, земам малку црвен или розов кармин и со моите прсти го нанесувам на образите. Исто така, и обратно: понекогаш земам кремасто руменило и ја нанесувам на усните, што честопати се вклопува во мојата природна сенка на усните и изгледа многу убаво, и сосема природно.

Навлажнете го моливчето за очи

Многу жени имаат проблеми со цртање на линијата околу очите, бидејќи нивниот ајлајнер е премногу сув. Затоа се обидов малку да го навлажнам  и сфатив дека на тој начин  е подобро и полесно, и дека линијата што е нацртана е толку попрецизна.

Боровинки, капини и зеленчук

Боровинки, боровинки и парен зеленчук треба да бидат на вашата здрава закуска.  Јадам аспарагус, спанаќ, и боровинки и капини кои ќе ви помогнат да согорите масни клетки во вашето тело, така да се потпирајте на нив наместо чипови.

Тренинзи  за најдобри резултати

Сакам да се потам,  многу сакам напорно вежбање. Скокање со јаже е идеална вежба, можете да го однесете на патувања, но минималното време за скокање мора да биде 10 минути. Кога прескокнувам јаже за еден час, губам околу илјада калории.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.