Босанското издание на магазинот „Грација“ ја има најубавата и најхрабра насловна страница и тоа за новогодишното издание, а на неа се наоѓа Мартина Млинаревиќ Сопта, која е избрана за личност на годината.
На насловната страница на „Глорија“ е писателката и колумнистка Млинаревиќ Сопта покажува како изгледа телото на жена која се бори со рак на дојката и која останала без дојка.
Нејзината борба со опасната болест почна во 2017 година. Помина низ неколку операции и на крајот излезе како победник. Неодамна ја објави и книгата „Хунзур“ во која говори за својата борба.
Храбрата и искрена насловна страница на босанскиот магазин се шири по социјалните мрежи, жените во коментари ја слават храброста на Сопта, а насловната страница е најдобар поттик за сите жени да внимаваат на себе и наместо нов капут, да отидат на преглед кој може да им го спаси животот.
Ракот на дојката, со ракот на белите дробови и дебелото црево се трите најчести канцери во Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.