Институтот за боја на Пантоне ја објави бојата на 2019: топла и живописна корална нијанса која, изгледа, лудо ќе ја сакаме.

Додека во овие месеци сме навикнати да ги носиме есенските нијанси, Пантоне ја одбра бојата на 2019 година: тоа е таканаречената Living Coral нијанса, која е, всушност, многу шик и што веднаш ве тера да го посакате летото!

Како што објасни Лори Пресмен, потпретседател на Пантоне, во интервју на Асошиејтид прес, „оваа боја е многу важна еден деликатен момент за животната средина, кога климатските промени им наштетуваат на коралните гребени“.

Одбраната нијанса од Пантоне дава важност на значајните прашања за еколошката средина во која живееме, ставајќи ја во преден план. А, светот на модата, убавината и дизајнот, преку изборот за 2019, секако ќе го вклучат алармот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.