Модниот свет е во шок- по веста дека од компликации на коронавирус почина славниот дизајнер Албер Елбаз (59), познат по работата кај Ив Сен-Лоран и Ланвин. Роден во Мароко, растел во Израел, а се школувал во Франција.
Како пренесуваат, тој починал во една париска болница, а веста ја потврдиле од компанијата „Richemont“ со која ги реализираше последните модни проекти – создавање на сопствен бренд „AZ Factory“.
Од дизајнерот се простија и манекенката и експрва дама Карла Бруни – Саркози која на ревиите носеше негови креации и неговата долгогодишна пријателка, колумнистката на „Вог“, модната новинарка и критичарка Сузи Мекенс, која во својата објава откри дека Елбаз починал од компликации предизвикани од корона вирусот, со кој се борел три недели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.