Супермоделот и ТВ водителка Хајди Клум ги осигурила своите нозе на два милиони долари, пишува „Vanity Fair“.
Гостувајќи во една ТВ емисија таа откри дека нејзините нозе не вредат подеднакво. Појасни и дека од детството на левото колено има лузна од расекотина која ја добила откако се исекла од стакло.
Таа додаде и дека поради тоа левата нога не вреди колку и десната, а појасни дека за разликата во вредноста на своите нозе дознала по проценката од лондонски „Lloyd“.
Клум вели дека и е необична целата ситуација со осигурувањето и дека тоа го сторила на барање на еден од своите клиенти со кои соработувала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.