Познатата светска манекенка Стела Тенант синоќа ненадејно починала на 50 години, објави денеска нејзиното семејство, пренесува Гардијан.
Со неизмерна тага објавуваме дека Стела ненадејно почина на 22 декември, на 50 години. Стела беше прекрасна личност и голема инспирација на сите нас и многу ќе ни недостасува, се вели во соопштението од нејзиното семејство.
Стела беше позната британска манекенка, внука на Ендру Кевендиш, војвода од Девоншир. Таа студирала вајарство на „Winchester School of Art” а ги красеше насловните страници на многу светски познати магазини, меѓу кои и на Вог.
Стела најчесто соработувала со познатиот моден дизајнер Карл Лагерфелд, а била познатата како „музата на Лагерфелд“. Манекенката учествуваше и во затварањето на Олимписките игри во Лондон во 2012 години, каде носеше креации на британски дизајнери.
Стела Тенант зад себе остави сопруг и четири деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.