Синоќа во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ беше отворено 22. издание на Модениот викенд Скопје, кој наместо модни ревии има продажен шоурум.
Списокот учесници го сочинуваат еминентни и перспективни дизајнери и брендови од земјата и странство: Ирина Тошева, Евгенија Зафировска, Терзија, Стефанија Насеска, Пара Тодорс, Минал МК, Котев Ксенија, Седум, Ана Јаким, Мелем, Сенка….Експонатите ќе може да се купат со големи попусти.
Дваесет и второто издание на настанот претставува заедничка соработка меѓу тимот на Моден Викенд Скопје и тандемот од агенцијата ONLYAFEW, со една и единствена цел – да им пружи максимална поддршка на креативните дејци во моментот, со внимателна селекција на учесници кои следат еколошки, занаетчиски и етички пристап во работата, позитивно влијаејќи на свеста на заедницата.
Во рамки на тридневниот поп-ап шоурум „Свесна Мода“, публиката сè уште има единствена прилика да го посети изложбено-продажниот салон во Јавна Соба и си купи уникатни креации на големи попусти од петнаесетмината македонски дизајнери и странски брендови, чиишто колеции се достапни по максимално поволни цени.
На програмата се и арт инсталација од Цветна Фабрика и MG Art, изложба на студентите од академијата за моден дизајн при школата Џолев и Уметностите, едукативно предавање од Модна Револуција, музички перформанс на Јон Бела и гурмански веге задоволства.
Петок (02.10) и сабота (03.10) влезот е слободен и за сите заинтересирани посетители од 10 до 22 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.