Во Скопје се отвори нова креативна платформа МАЛА. Тоа е нова иницијатива, со поинаков концепт на функционирање вметнат во минималистички ентериер, со акценти во силна живописна розова боја позади која стојат Архитектонското студио KONNTRA и моднaта дизајнерка Евгенија Зафировска.

Во креативна платформа МАЛА првпат во Македонија е изложен елек изработен од Piñatex®, иновативен природен текстил направен од влакна од листови од ананас, дело на македонската модна дизајнерка Евгенија Зафировска.

Ова е нуспроизвод на постојното земјоделство, а неговата употреба создава дополнителен прилив на приходи за земјоделските заедници кои инаку се потпираат на сезонска жетва. Piñatex® е развиен како одржлива алтернатива и за масовно произведената кожа и за загадувачките синтетички материјали, нудејќи подобар избор за подобра иднина, вели Зафировска.

Филозофијата на брендот Евгенија Зафировска е да понуди подлабоко задоволство од производот со квалитетен дизајн, добро вклопување и одржлив процес.

Одржливоста во модата е приоритет. Резултатите се уникатни, целосно носливи и безвременски парчиња. Процес во која се потврдува дека новата ера на луксуз значи да се биде општествено и еколошки одговорен, вели Зафировска.

Архитектонското студио KONNTRA и моднaта дизајнерка Зафировска се две реномирани студија од различни области на дизајнот.

Архитектура и моден дизајн сплотени со една цел, остварување на нов простор за креативци. Таква прва соработка е колекцијата на Ена Зафировска THE BEGINNING која е инспирирана од претставувањето на KONNTRA со MO·NU·MENT на овогодинешното 17то Венециско Биенале, претставена на ЕXPO 30 – Bottega Eventi.
Истовремено изложени се и дел од графиките преку кои се презентирани проектите на KONNTRA.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.