На покана од организаторите на фестивалот за дизајн „Асембли“ во Грац, Австрија, македонската модна етикета за безродова мода „Лудус“ учествуваше на специјалното модно издание заедно со победниците од минатите изданија на фестивалот.
Во 2019 година на истиот фестивал „Лудус“ беше награден со NJAL+ наградата и со тоа беше дел од модните ревии на овогодишното специјално издание на „Асембли“. Заедно со дизајнерите главно од Австрија, но и од Хрватска, Унгарија, Шпанија и Велика Британија „Лудус“ ја пррстстави новата колекцијата за есен-зима 2021/22 насловена како „Пост-родовост IV“.
Во извонредна атмосфера и на огромно задоволство на сите учесници на ова специјално „пандемиско“ издание на фестивалот, „Лудус“ наиде на одличен прием од стручното жири на фестивалот составено од локални модни експерти, архитекти и дизајнери. Локалната публика и купувачите во продажниот дел по ревиите истотака одлично ги прифати производите од оваа колекција.
Колекцијата беше промовирана со виртуелен шоурум на крајот на март годинава, по што беше претставена на интернационалниот пазар, а сега е достапна во продажба во концептуалните продавници со кои брендот соработува, интернет продавниците кои ги застапуваат колекциите на „Лудус“ ширум светот и интернет продавницата на брендот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.