Меган Маркл и принцот Хари почнаа живот далеку од кралските дожности, а цифрата која ќе ја заработи убавицата е неверојатна.

Козметичка компанија, која нуди производи препарати на база на ботокс ѝ понудила пет милиони долари за пет секунди појавување со нивен производ во американската серија „Suits“.

Меган е подготвена на бројни состаноци и договори во Холивуд, но нејзините агенти почнаа да ѝ бараат улога. Меган наводно сака да глуми суперхерој како своја повратиничка улога.

Ова е прв пат Меган да ја прашаат да се врати во „Suits“ и да го оживее својот лик Рејчел Зане, но таа засега не дала одговор, иако не е познато ниту дали се планира продолжение, односно 10. сезона од серијата, чија последна епизода беше емитувана во септември 2019 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.