Црвено, тесно здолниште, па дури и кожно. Војвотката од Сасекс Меган, Маркл ги изненадила сите со нејзиното атрактивно издание.

За приемот во дворецот Виндзор, каде што Меган и принцот Хари учествувале во дискусијата за рамноправност на половите таа била од глава до пети облечена во црвена боја во различни нијанси.

Ова пенсил здолниште со мини должина го потпишува брендот „Хуго Бос“ и направено е од вистинска јагнешка кожа што на многумина нема да им се допадне. Сепак Меган со овој стајлинг секако дека докажала дека ваквите здолништа се вистински погодок за оваа есен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.