Во Ројал Алберт Хол, Меган Маркл блесна во преубав син фустан. Сите погледи биле насочени кон неа, кога се појавила во глитер макси фустан од 4 илјади евра, со елегантни сандали, дискретна шминка, црвен кармин и елегантна фризура. Но, сепак, токму овој раскошен и скап фустан, ги испровоцира британските таблоиди да ја искритикуваат, по истражувањето кое покажало дека војвотката ос Сасекс е „најскап“ член на кралското семејство, односно дека на градероба само во минатата година потрошила дури пет пати повеќе од другите членови. Имено, Маркл во 2018 година на гардероба потрошила 400 илјади евра.

Синиот фустан е од новата колекција на Живанши, додека чевлите од 500 евра се од Стјуард Веитман.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.