Меган се огледала на нејзината јатрва Кејт Мидлтон и почнала со модна рециклажа

Ако сакате да бидете елегантни, одберете црно! До ова правило дефинитивно се држи и војвотката од Сасекс, Меган Маркл.

Таа го посетила универзитетот во лондонската општина Ислингтон, поради состанок со претставници на академската заедница и ги воодушевила сите присутни со својата едноставна, но ефективна модна комбинација!

Војвотката за оваа прилика одбрала наједноставна црна блуза, која ја искомбинирала со црно плисирано здолниште со нееднаков крој, а дополнителна нота на елеганција внела со совршено скроениот црн капут кој веќе го носела во ноември минатата година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.