Македонките Мила и Љупка Арсовски, кои живеат и работат во Њу Џерси, САД, ќе ја шминкаат Атиџе и ќе се погрижат за изгледот на останатата екипа на „Медена земја“ на вечерашното доделување на Оскарите.
Тие на социјалните мрежи веќе објавија дека се во Лос Анџелес, нетрпеливо чекајќи да започнат со подготовките.
Здраво на сите, ние сме во Лос Анџелес за Оскарите, поддржувајќи го документарен филм „Медена земја“ и бидете сигурни дека екипата ќе изгледа прекрасно на црвениот тепих. Останете со нас“ се вели во објавата на Фејсбук.
„Медена земја“ на вечерашната церемонија која започнува во 2 часот по полноќ е во трка по два Оскари – за најдобар документарен филм и за најдобар странски филм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.