Mакедонската модна етикета „Лудус“ го прославува 10 годишниот јубилеј од основањето со изложба и шоурум насловен како “10 години потоа” што ќе се отвори на втори октомври во 20 часот во галеријата „Акантус“ во Скопје.

Приказната на „Лудус“ започна во 2006-та година со отворањето на препознатливата концептуална продавница во Скопје. Веќе во јуни 2010-та година беше лансирана истоимената модна линија и по сите овие години името Лудус сега веќе резонира како оригинален моден бренд со минималистички израз и редуктивен дизајн.

Линијата започна како мала женска колекција наменета за клиентите на продавницатa, но подоцна се разви во успешен бренд за безродова мода, унисекс парчиња што се изработени исклучиво од стопроцентни материјали. Лудус е еден од малкуте брендови што веќе подолго време прави пробив на интернационалниот пазар, а особено е присутен во Словенија и Австрија преку учествата на модната недела во Љубљана и повеќе саеми и фестивали во Виена и Грац каде е добитник на наградите Big SEE Fashion Design Award 2018 и наградата NJAL+ на фестивaлот Асембли во Грац.

Лудус сораотува со Јованка Попова, етаблирана кураторка во сферата на современата уметност, со чија помош ќе биде конципиран изложбениот простор.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.