Иако како крупно дете во текот на целиот живот била малтретирана од врсниците, вистинскиот удар врз самодовербата на Саманта Ровлеј од Калифорнија ѝ го задал нејзиниот партнер, со кого била во врска скоро две години.

Како што вели во нејзината исповед на социјалните мрежи, иако долго време биле заедно, тој ја криел врската од останатите зошто таа имала повеќе од 160 килограми.

Се чувствував многу лошо во таа врска, постојано се обидував да го усреќам него, а се запоставував себе. Кога ме изневери и тоа го објави на „Фејсбук“, сфатив дека морам да се посветам на мене, вели таа.

Пред точно две години таа почнала со здрава исхрана и многу вежбање, по што направила и липосукција на стомакот. Сега има 92 килограми помалку и вели дека никогаш не била толку среќна.

Сега разбирам колку сум била несреќна и незадоволна со својот живот. Иако воопшто не размислував за некаква одмазда, сметам дека тоа што сум конечно среќа е најдобрата одмазда за него, вели таа.

Саманта е повтоно вљубена, а за нејзиното ново момче вели дека е сигурна дека Господ го создал само за неа:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.