Денеска сите зборуваат за феноменалната комбинација со која шпанската кралица Летиција ги воодушеви обожавателите. Креацијата што ја облекла Летиција на националното доделување на награди за мода е навистина поинаква од она во што сме навинкале да ја гледаме кралицата на Шпанија, но и на стилот.
Станува збор за црвен комплет, блуза со куси ракави и миди здолниште, која ја носела нејзината свекрва, кралицата Софија, во осумдесеттите. Здолништето е плисирано, а каравите на блузата исто така се украсени со плисе. За костимчето од свекрвата Летиција избрала црвени салонки.
Денешното појавување на кралицата Летиција во комплетот наследен од кралицата Софија, стар релиси 40 години е уште една потврда дека елеганцијата никогаш не излегува од мода, и дека не е потребна вулгарност за да се изрази сексапилот.
Единствен моден детаљ на Летиција е исто така црвена плик чанта. Ноктите се кратки, без лак, но негувани.
На крајот од лекцијата за модата, еден трач – долго се зборува дека кралицата Летиција и кралицата Софија не се во добри односи, па одлуката да се облече во костимче од свекрвата е знак дека ги закопале секирите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.