Тамара, Викторија Лоба, Лозано, Биг Мама, Елена Стефановска, Кристина Арнаудова, Теа, Ведрана се само дел од познатите личности за кои се креаираат уникатни парчиња од страна на македонскиот дизајнер Папаз.

Тој за сите нив твори специјални креации за настапите, концертите, јавните говори, видео записите, емисиите, како и за нивните гламурозно чекорења на црвениот тепих за ексклузивните настани.

 

Соработката со јавни личности е уште еден предизвик во тоа што го работам, и ме прати во текот на целото досегашно работење како моден дизајнер. Да се креира за некого кој веќе е јавно експониран и публиката веќе има оформено слика за таа личност, си носи свои барања и одговорности. Моите соработки со естрадата главно се врзани со јавни настани, каде создавањето на една креација зависи од повеќе нешта, пред се каков ефект сакаме да постигнеме кај публиката, каков е настанот, а некогаш сето тоа знае да бара и подетално истражување и предвивдување на сцена, светло, бои… Особено ги сакам соработките за спотови и фотосесии преку кои креативноста може да дојде повеќе до израз,  Папаз, моден дизајнер.

За оваа година Папаз подготвува уникатна ревија и соработка со македонски брендови. Негова тековна работа е ангажманот кој го има на Факултетот за дизајн и мултимедија, отсек моден дизајн при Универзитетот ФОН и костимограф за дел од театрите во нашата земја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.