Неодамна почина модниот маг Карл Лагерфелд, модниот креатор и креативен директор на модната куќа „Шанел“. Во еден период од животот тој имал вишок килограми кои решил да ги симне по секоја цена.
Главниот мотив на Лагерфелд за губењето килограми била секако модата. Имено, тој многу сакал да носи модни парчиња на дизајнерот Хеди Слиман, па се одлучил на ригорозна диета, што ја смислил гуруто за слабеење доктор Жан-Клод Худре.
За една година Карл Лагерфелд изгубил импресивни 40 килограми, а докторот потоа ја напишал и книгата „Диетата на Карл Лагерфелд“ која многу брзо станала хит. Но, сосема очекувано, не биле сите задоволни од ваквиот план за исхрана.
Неговата диета се засновала на ограничено внесување маснотии и калории, одбегнување пржена и преработена храна, како и зголемено внесување зеленчук и протеини. Иако на прв поглед не делува како премногу да се разликува од многуте други диети, постои една работа што предизвикала бурни реакции.
Во оваа диета, многу е важно да се консумираат протеини со секој оброк за да се спречи губењето мускулна маса, но наместо протеини до храна, диетата на Карл Лагерфелд се заснова на користење протеински додатоци со различни вкусови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.