Модната дизајнерка Росица Мршиќ ја претстави својата колекција “10/22“ со која обележува 10 години постоење на брендот и 22 континуирано создадени сезонски колекции.

Колекцијата претставува заокружување и разработување на досегашната нејзина изградена естетика, дизајнерски израз и однос кон творењето. Колекцијата ги слави жените за кои дизајнерката твори: индивидуални, љубители на современата прочистена естетика кои веруват во пристапот „помалку е повеќе“ во модата. За колекцијата таа користи материјали како памук, волна, вискоза, кои се со текстура, во бургундска црвена, француска плава и неизбежната црна боја.

Мршиќ во текот на десетте години творење изврши влијание на македонската модна сцена преку понуда на редовни сезонски колекции, оствари соработка со домашни и странски фирми дизајнирајќи чорапи, костими за капење и накит, учествуваше и беше добитник на неколку меѓународни модни награди и постигна интернационална препознатливост на својот бренд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.