Една жена одлучила да спроведе експеримент: решила да јаде тиква 20 дена секој ден, за да види како тоа ќе ѝ го подобри здравјето. Не ни претпоставувала дека толку брзо ќе се случат првите позитивни резултати. Еве што се случило!
За 20 дена:
Таа се ослободила од трите килограми што отсекогаш ѝ биле вишок. Тоа е така затоа што тиквата содржи голема количина на влакна, кои го заситуваат телото и подолго време даваат чувство на полн стомак. Самата тиква е нискокалорична, па вечерата со тиква не ја расипува фигурата.
Кожата на лицето ѝ се затегнала и станала блескава. За тоа очигледно било дека придонела тиквата, која го прочистува телото од отрови и разни токсини, а лицето само го отсликува тоа што се случува во нашето тело.
Ѝ се подобрила дигестијата, што значи дека столицата ѝ се нормализирала. Претходно често ја мачеле тие проблеми, но изгледа тиквата ги решила.
Смета дека тиквата ѝ го подобрила видот. Откако работела на компјутер имала проблеми со заматен вид. Но откако почнала да јаде тиква, не ги чувствувала тие проблеми.
Горенаведените причини ѝ биле доволни за да одлучи и понатаму да продолжи да јаде тиква што е можно почесто. Ова се рецептите што таа најчесто ги приготвува…
Крем-чорба од тиква
Состојки:
1 главица кромид
2 чешниња лук
1 морков
1 компир
половина килограм исчистена тиква
вода
зачини
Приготвување:
На малку масло продинстајте кромид и лук, па додајте го преостанатиот зеленчук. Прелејте го со вода и оставете го да се вари околу половина час. Потоа, со миксер изматете го зеленчук и претворете го во пире. Додајте зачини и послужете!
Ризото со тиква
Состојки:
1 шолја ориз
1 шолја исчистена тиква, исечкана на коцки
2 шолји пилешка супа (или вода)
1 мал кромид
1 чешне лук
1 поголем морков, исечкан на коцки
1 шолја пченка
2 лажици маслиново масло
малку сол, бибер, куркума
Приготвување:
На масло пропржете ги кромидот и лукот, па додајте ги морковот, тиквата, пченката. Додајте малку вода, па оставете ги да се крчкаат. Потоа, додајте ориз и зачини. Промешјате. Сипете пилешка супа или вода и оставете ја малку да врие. По 10-тина минути, тргнете го ризотото од рингла.
Шпагети со тиква
Состојки:
неколку листови жалфија
половина килограм исчистена тиква
2 чешниња лук
малку сол
бибер
куркума
вода
масло
шпагети
Приготвување:
На масло пропржете ја жалфијата, па додајте ја тиквата исечкана на коцки. Потоа, додајте и малку лук. Сипете вода и оставете ја тиквата да се вари околу 20 минути. Кога ќе се свари, додајте ги зачините и направете пире од неа. Потоа, сварете ги шпагетите, па во нив додајте го преливот од тиква. Уживајте!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.