Второто поглавје од изложбата Slowscapes се случува летово во Охрид во галеријата „Марта Пејоска“ од 31 јули до 3 август. На изложбата ќе бидат застапени етаблирани и нови брендови што го застапуваат „slow fashion“ движењето кај нас и се посветени на рачна работа, мали колекции и врвен квалитет, спротиставени на брзата мода и неодговорното консумерство. „Slow fashion“ e алтернатива на брзата мода и се заснова на принципи како добар квалитет, чиста средина и фер однос кон клиентите и работниците. Изложбата ќе има продажен карактер.
Ателјето со галерија „Марта Пејоска“ е отворено на 19 јули 2014 година. Се наоѓа на главната туристичка улица „Цар Самуил“ бр.52 во стариот дел на градот Охрид, која води од плоштад накај црквата Св.Софија.
Современиот ентериер на галеријата е минималистички концепиран, сиот обоен во бело со само неколку дрвени детали кои доловуваат одредена рустичност и за момент асоцираат на препознатливиот архитектонски и уметнички контекст на стариот дел на градот Охрид.
ЛУДУС e модна етикета што е обврзана на работа исклучиво со природни материјали како памук, волна, свила, лен и рециклирана кожа, водејќи сметка за животната средина при производиствениот цилкус со минимално количество или нула отпад.
Во рамките на продажната изложба Slowscapes Охрид ќе биде претставена последната колекција Пост родовост I.
КАКТУС ДИЗАЈН е основан во 2016-та година со цел да се збогати и промени урбаниот дух преку спојот на секојдневниот уличен стил со минималистичкиот дизајн и јакитe бои. За материјализација на идеите во облека се користат повеќе пристапи и техники на рачна изработка како вез, сито печат и рачно сликање на матeријалите. Сите производи се локално произведени од квалитетни материјали.
БИБИ КЛЕКАЧКОСКА е дизајнер на накит со повеќе од 20 годишно работно искуство. Препознаена како авангарден уметник во полето на дизајн и изработка на накит, пионер на новиот бран на ревитализацијата и реинвенцијата на традиционалната филигранската уметност, со голем апетит за истражување и употреба на нови техники, материјали и пристапи во уметничкото изразување. Во својата работа секој пат успешно ги вткајува личните вредности што резултира во креации со висока уметничка вредност, ергономичност, издржливост и пред се безвременост.
Изложувала во САД, Германија, Франција, Словенија, Швајцарија, Србија, Хрватска, Португалија, Романија.
НИНА НИНЕ e колекција на накит на уметницата Нина Нинеска.
Биди убавина, уживај во минималистичкиот дизајниран накит од медицински челик. Нежната прецизна рачна доработка на ова парче накит му дава меко сјаен ефект, а со комплементарноста на материјалот, ви дава пријатно чувство, исполување, задоволство, радост, љубов.
ПЕТЕЛ ПАУН е уметничко ателје зад кое стои Билјана Каровска и е синтеза помеѓу природата и уметноста. Посветено е на рачна изработка, текстилен дизајн на 100% природни ткаенини и бои добиени од природни растителни материјали.
Секоја ткаенина е внимателно изработена со лисја, цветови, семе и кори, локално соберени и одгаени во сопствената градина на авторот. Во процесот на екстракција на боите нема употреба на токсични материи и штетни супстанци по човекот и околината што ги прави материјалите произведени на овој начин eco-friendly и sustainable.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.