Модната дизајнерка Ивана Кнез, сопственичка на брендот Драма, значително го промени својот физички изглед. Ивана потврдува дека ослабела 20 килограми благодарение на работата со сопствен тренер и посебен режим на исхрана.

Кампањата #30dayschallange на Fit Family ја прифатив затоа што пред неколку месеци кога ослабев 20 килограми, буквално ми останаа дополнителни уште пет килограми кои се најтешки за отсранување, а со тоа да го зацрврстам и обликувам телото како што имав за цел во 2019 година. Задоволна сум што со персонален тренер веќе во првите две недели имаме резултати вели Кнез.

Таа ни раскажа дека сега веќе може да јаде се што ќе посака и дека особено е важно да се истакне дека слабеење не значи да се јаде еден грејфрут во текот на цел ден, туку да се конзумираат сите оброци, а потоа да се прават физички вежби. Вежбањето се одвива во кабината која е затоплена со инфрацрвена лампа преку која инфрацрвените зраци создаваат температура измеѓу 34 и 37 степени. Топлината на зраците длабоко делува на мускулите, ја стимулира циркулацијата и со тоа се стимулира процесот на топење на маснотиите. Се вежба во лежечка позиција во која се изведуваат вежбите, исклучително под надзор на личен тренер. За да има резултат се вежба минимум два пати во неделата, во времетраење од само 20 до 30 минути.

Инфрацрвените зраци се комплетно здрави бидејќи тие навлегуваат во мускулите, се избегнуваат болките во мускулите по физичката активност. Помагаат на побрзо топење на маснотиите, намалување на целулитот, подобрување на функционирањето на метаболизмот. Ја измазнува кожата и преку потењето побрзо се исфрлуваат токсините од телото. Така, овие зраци намалуваат и олеснуваат болки, како на прмер ревматски болки во телото, ја подобруваат циркулацијата на крвта и го регулира крвниот притисок, раскажува Софка Муфишовска, тренер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.