Преубавата Џесика Алба ги украде сите погледи на хуманитарниот гала-настан Baby2Baby, што се одржа во Лос Анџелес.

Таа ја покажа новата фризура, а беше облечена во бисерен фустан на Ralph&Russo, со длабоко деколте, а изгледот го надополни со слично венче, чанта со пердуви и сребрени светкави сандали.

Џесика ја скратила косата во популарниот долг боб, а сите се согласуваат дека оваа фризура одлично ѝ стои и ја подмладува и разубавува.

На настанот дојде со својот сопруг Кеш Ворен, со кого се венчаа во 2008 година и имаат три деца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.