Актерката Џенифер Лоренс (29) се омажи за сопственикот на њујоршката галерија, Кук Марони, на островот Род, пишуваат американските медиуми.

Венчавката била одржана во луксузна вила на овој раскошен и мирен остров, а церемонијата била одржана во строга тајност, иако од септември постоеле гласини дека оваа двојка ќе застане пред олтар.

Меѓу 150-те поканети гости биле и славните холивудски ѕвезди: Ема Стоун, Крис Џенер, Камерон Дијаз, Адел и други.

Како што пишуваат американските медиуми, убавата Џенифер судбоносното „да“ го кажала во едноставна, романтична венчаница од модната куќа „Диор“, каде што е и заштитно лице.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.